Во пописниот извештај се наведува дека од сите раси и етнички групи, бројот на белците расте најспоро. „Белците кои не се од латино-американско потекло се единствената група која пораснала за помалку од една стотинка од процент, и оваа популација се зголемила само за околу 5.000 луѓе“, кажа во соопштението за медиумите демографот Лорен Медина.
Според извештајот за „Националните, државните и окружните проценки на населението според возраст, пол, раса и латино- американско потекло“ на 1 јули 2016-та година, бројот на латино-американската популација изнесувал 57,5 милиони, што претставува пораст од 2 проценти во споредба со студијата од претходната година.
Азиското население се зголемило на 21,4 милиони, со најбрзо растечка стапка, од 3 проценти во споредба со сите останати етнички групи.
Извештајот е подготвен од Државниот статистички центар кој обработува податоци од 50 сојузни држави, главниот град Вашингтон, Порторико и островите. Податоците се собрани од мрежата на државните агенции, универзитети, библиотеки и од регионалната и локалната власт.
Стапка на раѓање
Студијата проценува дека во сите групи минатата година имало поголем наталитет од морталитет, освен кај белците кај кои на национално ниво има опаѓање на раѓањето од бројка од 163.300.
Географски, новите податоци од пописот покажуваат дека повеќето од Азијците и Латино-американците живеат во западните сојузни држави. Најголем број припадници на оваа популација живее во Калифорнија, 15,3 милиони.
Тексас има најголемо зголемување на латино-американската популација, 233.100 жители, додека 57 отсто од Хавајското население е со азиско потекло.
Нов попис во 2020-та година
Во САД попис се спроведува на секои 10 години. Пребројувањето е задолжително со Уставот на САД, и следното пребројување треба да се одржи во 2020-та година. Идниот попис веќе е контроверзен поради ниското буџетско барање од Белата куќа за фискалната 2018-та година.
(Алин Барос)
Facebook Forum