Линкови за пристапност

Судија го блокира прашањето за државјанство на пописот во САД


Федерален судија го блокираше предлогот на Одделот за трговија на САД во пописот во 2020-та година да биде вклучено и прашањето за државјанство.

Тужителите, во случајот коалиција на сојузни држави, градови и застапници сметаа дека прашањето е алатка која ќе служи за унапредување на политиката на администрацијата на Трамп, преку обесхрабрување на имигрантите да учествуваат во пописот.

Во пресудата, која беше донесена по двонеделно сослушување во Њујорк, американскиот судија Џеси Фурман кажа дека одлуката за додавање на прашањето за државјанство е направена пред да се соберат податоци, за да се покаже дека постои потреба од промена во политиката.

Во пресудата од 277 страници, Фурман вели дека одлуката има „претекст“ и на тој начин го прекршува Законот за управна постапка. Фурман вели дека законот бара од федералните агенции да го проучат проблемот пред да ги променат политиките, а Одделот за трговија кој ја надгледува работата на Бирото за попис, „ја нарушил довербата на јавноста“.

Околу 11 милиони лица кои живеат во САД се недокументирани мигранти, но има и околу 13 милиони граѓани без државјанство, кои можеби се плашат да одговорат на прашањето за државјанство, ако тоа е вклучено во пописот.

Пописот во САД се одржува на секои 10 години, а следниот е закажан за 2020-та година. Тој игра клучна улога во распределбата на местата во Претставничкиот дом кои се засновани на бројот на населението добиени од пописот исто како и во исплатата на федералните фондови.

Тужителите тврдат дека оние без државјанство имаат тенденција да живеат на места кои гласаат за Демократската партија, па со кратењата политичката моќ и федералните средства ќе се префрлат во области кои гласаат за републиканците.

Пресудата на Фурман е само отворањето на прашањето за државјанство.

Врховниот суд веќе се согласи да сослуша аспекти на случајот во февруари, надевајќи се дека ќе донесе одлука пред Бирото за попис да го испечати прашалникот.

Се очекува администрацијата на Трамп да ја обжали одлуката на Фурман.


Разумно објаснување

Владата на САД се бореше прашањето за државјанство да не заврши на суд. Кога не успеа во тоа, застапниците на владата рекоа дека секретарот за трговија Вилбур Рос ја донел одлуката за прашањето за државјанство „неконсеквентно.“

„Од секретарот се бара само да даде објаснување“, изјави заменик помошникот на главниот правобранител на САД, Брет Шумати пред судот, додавајќи дека „Тој не мора да ја избере најдобрата ножна опција“.

Рос рече дека одлучил да го додаде државјанството на пописот како одговор на барањето од Одделот за правда, во кое се вели дека податоците од пописот за државјанство ќе помогнат за подобро спроведување на Законот за правото на гласање од 1965-та година.

Но, во јануари минатата година, Бирото за попис препорача да не се додаде прашање за државјанство, проценувајќи дека најмалку 630.000 домаќинства ќе одбијат да го пополнат прашалникот ако такво прашање биде поставено.

„Победата во судскиот случај е удар врз обидите на администрацијата да го искористи пописот за напад врз имигранти и расните малцинства“ се вели во соопштението на Американската асоцијација за граѓански слободи која заедно со уште 18 сојузни држави, градот Вашингтон и неколку други групи и организации ја понесоа тужбата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG