Линкови за пристапност

Се` уште неизвесно дали пописот во САД ќе вклучува или не прашање за државјанството


Денес е краен рок Владата да се изјасни за својата позиција во однос на спорот за поставување на прашањето за државјанството на пописот во 2020 година

Американските федерални судови и држави кои ја оспорија одлуката на администрацијата на претседателот Трамп прашањето за државјанство да биде вклучено на пописот во 2020 година, бараат разјаснување откако Одделите за правда и трговија одеднаш го променија она што беше прифаќање на финализирањето на прашалникот без поставување на прашање за статусот на државјанство.

Врховниот суд веќе одговори дека одлуката на владата за вклучување на прашањето за државјанство не ги исполнува стандардите за јасно објаснување зошто прашањето треба да биде поставено на пописот во САД што се одвива на секои десет години.

Ова прашање се чинеше дека е решено во вторникот, кога Министерството за трговија објави соопштение и коментари во правни случаи дека процесот на печатење на формуларите за пописот продолжил без да го вклучи прашањето за државјанство со цел навремено да се исполнат роковите за изведување на пописот и пребројувањето.

Но, со серија пораки на Твитер, претседателот Доналд Трамп внесе несигурност во процесот, нагласувајќи: „Апсолутно одиме напред, како што мораме, заради важноста на одговорот на ова прашање“.

На почетокот на вчерашниот ден, Денот на независноста, Трамп во порака на Твитер напиша дека официјалните лица во Одделите за трговија и правда „напорно работат на ова, дури и на празникот 4-ти јули“.

Пописот е важен бидејќи со него се одредува колку места во Конгресот се доделуваат на секоја држава и како се дистрибуираат стотици милијарди долари федерални пари.

Американскиот окружен судија Џорџ Хазел во Мериленд како краен рок го одреди петок до 14 часот за владата или да каже дека прашањето за државјанство нема да се појави на пописот или да објасни како судот да се справи со нерешениот предизвик дека владата со вклучување на прашањето ја прекршила клаузулата за еднаква заштита од Уставот на САД.

Досега, пресудите се фокусираа на административниот процес и на тоа дали секретарот за трговија Вилбур Рос постапил разумно во спроведувањето на целите на неговата агенција. Испитувањето на предизвиците за еднаква заштита би довело до отворање на прашањето дали администрацијата се обидела да го потисне бројот на малцинствата во пописот.

Пописот е важен бидејќи со него се одредува колку места во Конгресот се доделуваат на секоја држава и како се дистрибуираат стотици милијарди долари федерални пари.

Критичарите велат дека прашањето за државјанството би ги заплашило малцинствата и имигрантите да ги пополнат формуларите.

Во таков случај во областите со големи популации на имигранти и латино, би можело да се намали конгресната застапеност за таквите држави, што би значело и намалување на федералната помош.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG