Линкови за пристапност

Следниот попис во САД ќе содржи и прашање за државјанство


Критичарите велат дека овој потег ќе ги натера луѓето да не учествуваат во пописот, поради загриженоста како Владата може да ги искористи информациите

Американскиот секретар за трговија Вилбур Рос, објави дека во прашалникот на следниот попис ќе има и графа со прашање за статусот со државјанството.

Бирото за попис на населението на САД спроведува истражување секои десет години, а наредниот попис е во 2020-та година. Краен рок за финализирање на прашањата е оваа сабота.

Тој вчера рече дека одлучил да го додаде прашањето за државјанство по барање на Министерството за правда, според кое, овој потег е неопходен за да се добијат податоци за подобро спроведување на законот, што ги штити правата на малцинствата.

По одлуката следуваа критики дека прашањето за државјанство ќе ги натера луѓето да не учествуваат во пописот, поради загриженоста за тоа како Владата може да ги искористи информациите.

Пописот ги одредува бројот на местата на секоја сојузна држава во Претставничкиот дом на САД, како и начинот на кој федералната Влада дистрибуира стотици милијарди долари за финансирање на разни програми.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG