Линкови за пристапност

Картер повикува на поголем ангажман во борбата против милитантите


Американскиот секретар за одбрана зборуваше во Ријад, на Советот за соработка на државите од Заливот

Американскиот секретар за одбрана Аш Картер ги повика земјите на Советот за соработка во Заливот за поголема ангажираност во борбата против Исламската држава.

Картер денес за време на состанокот помеѓу министерствата за одбрана во Ријад изјави дека САД и земјите на Советот за соработка со Заливот градат силно, со децении долго, партнерство.

Подоцна, заедно со генералниот секретар на Советот за соработка со Заливот, Абдул Латиф бин Рашид Ал Зајани, Картер ја нагласи потребата од соработка за поразување на Исламската држава.

Висок официјален претставник на одбраната вели дека посетата на Картер има две главни цели, спротивставување на дестабилизирачките активности на Иран и поразување на Исламската држава.

Картер ги повика земјите на Советот за соработка со Заливот да ѝ помогнат на владата на Ирак во борбата против ИД и обнова на областите од кадешто милитантите се истерани.

Висок претставник на одбраната вели: „Она што ние им го посочуваме е - ако сте загрижени за надворешното влијание во Ирак, најдобар начин да се спротивставите е да се вклучите и ангажирате.“

XS
SM
MD
LG