Поранешната прва дама на САД Розалин Картер, се опоравува по вчерашната успешна хируршка интервенција во Атланта.
Во соопштение на Фондацијата на нејзиниот сопруг Џими Картер, се вели дека на Розалин и` било отстрането болно ткиво, каде претходно имала циста.
Девеесетгодишната Картер, ќе остане хоспитализирана уште неколку дена.
Поранешниот претседател Џими Картер, пак, беше подложен на третман во 2015-та година за метастазиран меланом, кој се прошири на црниот дроб и на мозокот. По операцијата, со зрачење и третман наречен имунотерапија, тој ја победи болеста во март 2016-та година.
Facebook Forum