Семејството на американскиот војник Боу Бергдал, кој исчезна во Авганистан пред речиси пет години, вели дека американски официјални лица дошле до нова снимка што покажува дека тој се` уште е жив.
Американски претставници потврдија дека снимката постои и дека дошле до неа пред неколку дена. Армискиот наредник на неа навидум е во влошена здравствена состојба. Па сепак, тие наведуваат дека тој, најверојатно, не е сериозно болен. ТВ-мрежата НБЦ цитираше неименувани американски лица дека 27-годишниот заробеник на снимката коментира на неодамнешен настан - починувањето на јужноафриканскиот водач Нелсон Мандела.
Бергдал исчезна под се` уште нејасни околности во 2009-та, во покраината Пактика. Властите веруваат дека тој е заробеник на милитантите во соседен Пакистан. Ова е прва снимка на која тој се појавува во последните речиси три години.
Милитантите на Талибан имаат понудено да го ослободат Бергдал во замена за неколку виши милитанти што се наоѓаат во американскиот притворен центар Гвантанамо на Куба, но се` уште не е објавена таква спогодба.