Линкови за пристапност

Претставничкиот дом ќе гласа закон за истрага на нападот на Конгресот на 6. јануари


Новата комисија е формирана, откако републиканците во Сенатот блокираа формирање на независна, двопартиска комисија

Нова комисија на Претставничкиот дом ќе врши истрага за нападот на Конгресот на 6. јануари, објави Асошиетед прес. Комисијата ќе се состои од 13 члена, и ќе има моќ да вика сведоци на сослушување.

Спикерката Ненси Пелоси објави легислатива, за која Претставничкиот дом се очекува да гласа оваа недела.

Новата комисија е формирана, откако републиканците во Сенатот блокираа формирање на независна, двопартиска комисија, која ќе го истражува нападот, при кој стотици поддржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп насилно упаднаа во Конгресот.

Комисијата на Претставничкиот дом ќе има 8 членови назначени од страна на Пелоси, и пет членови со консултација на републиканскиот лидер Кевин Мекарти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG