Линкови за пристапност

Трудо во прва официјална посета на САД


Посетата ја подвлекува разликата во политиката на САД и Канада во однос на сириските бегалци

Младиот и харизматичен премиер на Канада, Џастин Трудо во четврток ќе пристигне во Вашингтон и ќе се сретне со претседателот Барак Обама. Двајцата лидери ќе дискутираат за начините како да се продлабочат билатералните односи помеѓу двете земји. Прогресивната политика на Трудо е поблиска со администрацијата на Обама за разлика од онаа на неговиот конзервативен претходник, кога двете нации имаа различни гледишта по прашањето за прифаќање на мигранти од Сирија.

Со Трудо на премиерската позиција, Канада започна со имплемнтирање на програмата за населување на 25.000 бегалци. Трудо вели дека тоа е важно бидејќи не „дефинира како нација“.

„Мислам дека тој мислеше на долгата традиција на гостопримливост за оние на кои им е потребна помош насекаде низ светот“ вели канадската имиграциона активистка Кејтлин Фарел. Бегалците се многу важна група на луѓе кои Канаѓаните ги примаат веќе долго време. Мислам дека тој сакаше да го искаже она што всушност јавноста го чувствува.“

Претседателот Обама предложи прием на 10.000 бегалци од Сирија годинава, потег кој наиде на политички отпор.

Кејтлин Фарел вели дека постојат некои антиимигрантски чувства и во Канада. Но, приказната за Ајлан Курди, тригодишното момче кое се удави минатата година додека неговите родители се обидуваа да стапат во контакт со роднините кои живеат во Канада, ја шокираше земјата. „Мислам дека тоа многу ги погоди луѓето во Канада. Чувствуваа тага и срам.“

За време на средбата помеѓу премиерот Трудо и претседателот Барак Обама во Вашингтон, разговорите ќе се фокусираат на трговијата и климатските промени. Најверојатно ќе стане збор и за бегалците. Администрацијата на Обама ја поздрави политиката на Канада за прифаѓање на бегалци од Сирија.

XS
SM
MD
LG