Линкови за пристапност

САД и Канада ќе организираат самит за Северна Кореја


САД и Канада наредниот месец ќе одржат самит со 16 држави во знак на солидарност против ескалацијата на заканата од нуклеарната програма на Северна Кореја.

Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон и неговата канадска колешка, министерката за надворешни работи, Христија Фриленд објавија дека состанокот ќе се одржи на 16-ти јануари во Ванкувер, Канада.

Тилерсон и Фриленд ја објавија одлуката по вчерашните разговорите во канадскиот главен град, Отава.

Тилерсон рече дека самитот има за цела унапредување на „глобалната кампања за притисок“ кон Пјонгјанг кој ги забрза тестовите на нуклеарните и ракетни капацитети. Интерконтиненталниот балистички проектил тестиран на крајот од минатиот од страна Северна Кореја има потенцијал да го погоди источниот дела на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG