Линкови за пристапност

Се затвора границата меѓу САД и Канада, најави Трамп


Одлуката се однесува за несуштински патувања

САД и Канада се договорија привремено да ја затворат заедничката граница за несуштински патувања.

Претседателот Доналд Трамп, на Твитер, напиша дека одлуката нема да се одрази врз трговијата меѓу двете држави.

„Со заедничка согласност привремено ја затвораме нашата северна граница со Канада за несуштински патувања“, напиша Трамп.

Според агенцијата Асошиетед прес, возачите на камиони и канадските граѓани кои живеат во САД дел од годината, и се враќаат назад во Канада, се очекува да бидат изземени од оваа одлука.

Целосното затворање на границата би предизвикало сериозни последици врз економијата на двете држави, ако се земе предвид дека голем дел од снабдувањето со храна во Канада доаѓа од или преку САД, и 98 проценти од нејзиниот извоз на нафта оди во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG