Властите во Калифорнија соопштија дека шумските пожари кои започнаа пред една недела, се најголеми во историјата на сојузната држава, со изгорена површина од 115.000 хектари. Со ова е надминат големиот шумски пожар од декември минатата година.
Локалните власти додаваат дека сузбиени се само 30 проценти од актуелниот пожар и дека тој и натаму претставува опасност. Огнената стихија досега уништи околу 150 објекти.
Слични еколошки услови придонесоа и за интензивирање на пожарот во северниот дел на Калифорнија во кој загинаа пет лица и двајца пожарникари.
Facebook Forum