Сенатот ги потврди номинациите на поранешните претседателски кандидати Бен Карсон и Рик Пери, на функции во кабинетот на претседателот Трамп.
Карсон, кој е неврохирург во пензија, ќе биде на чело на Одделот за домување и урбан развој. Тој беше потврден со 58 гласови „за“ и 41 „против“, и е единствен Афро-Американец во кабинетот на Трамп.
Рик Пери, кој своевремено вети дека ќе го укине Одделот за енергија, на функцијата секретар беше потврден со 62 гласови „за“ и 37 „против“. 66-годишниот Пери ќе ја предводи обемната научна операција со фокус на нафтено дупчење на територија на САД и усовршување на технологијата за обновлива енергија и нејзина ефикасност.
За време на распитот за потврда на функцијата, Карсон вети дека ќе врши мониторинг на каков било можен конфликт на интереси меѓу неговата агенција и недвижнините под контрола на Трамп.
Карсон и Пери се 17-от и 18-от член во кабинетот на Трамп со потврда во Сенатот, од вкупно 22 номинирани лица.