Линкови за пристапност

САД со нов амбасадор во Бурма


Дерек Мичел е првиот амбасадор во земјата по пауза од 22 години.

Американската амбасада во Бурма соопшти дека во Рангун прстигнал првиот амбасадор на САД по пауза од 22 години. Се работи за Дерек Мичел, кој претходно служел како американски специјален пратеник во оваа земја.

Истовремено, американската влада соопшти дека ги олеснува ограничувањата на американските компании заинтересирани за деловни врски во Бурма. Во соопштение на Белата куќа се наведува дека олеснувањето на санкциите ќе овозможи „моментални поттикнувачи“ за реформи и ќе биде од корист за бурманскиот народ.

Сепак во соопштението стои и предупредување дека САД се и натаму „длабоко загрижени“ за малата транспарентност во инвестициониот сектор и улогата на армијата во економијата.
XS
SM
MD
LG