Линкови за пристапност

Претседателот Обама повикува на буџет од 4 трилиони долари


Во предлог-буџетот за 2016-та, меѓу другото се бараат повисоки даноци за богатите и дополнителна помош за средната класа

Претседателот Барак Обама до Конгресот го испрати предлог-буџетот за 2016-та година во висина од 4 трилиони долари. Повикува на повисоки даноци за богатите, ставање крај на автоматското кратење на трошоците и дополнителни средства како помош за средната класа.

Лидерот на САД подвлече дека поголемиот дел од неговите предлози ќе наидат на остра реакција од страна на републиканците во Конгресот, но, како што кажа, САД треба да изберат одредени фундаментални чекори за тоа каква земја сакаат да бидат. „Дали ќе прифатиме економија каде само неколкумина од нас ќе бидат неверојатно успешни, или ќе градиме економија каде секој кој работи напорно, ќе има шанса да напредува во кариерата“?

Со фактот дека светски најголемата економија постепено се подобрува, претседателот Обама повикува на еднократно оданочување на корпоративниот профит во странство, во висина од 14%.

Владата тврди дека автоматското кратење на трошоците и` наштетило на американската економија и на армијата.

Републиканците веќе критикуваа некои од предлозите на Обама, велејќи дека чинат премногу, а на неколкупати и го одбија неговиот повик за повисоки даноци за богатите.

XS
SM
MD
LG