Линкови за пристапност

Буџетскиот дефицит на САД достигна 779 милијарди долари


Ова е најголем дефицит од 2012-та година наваму и е за 113 милијарди долари повеќе од минатогодишната сума

Во фискалната година која завршува на 30-ти септември буџетскиот дефицит на американската влада порасна на 779 милијарди долари, а даночниот приход остана речиси непроменет.

Од Одделот за финансии велат дека годишниот буџетски дефицит пораснал заради тоа што приходите од корпоративните даноци опаднале за 76 милијарди долари. Ова е резултат на даночните кратења за компаниите и физичките лица кои беа донесени од Конгресот и беа поддржани од претседателот Доналд Трамп.

Ова е најголем дефицит од 2012-та година наваму и е за 113 милијарди долари повеќе од минатогодишната сума.

Мик Мулвани, директорот за владин буџет вели дека фискалната слика не е поволна и испрати предупредување до Конгресот за последиците од „неодговорното и излишно трошење.“

Мулвани исто така кажа дека растечката економија во државата ќе создаде приходи за владата, што е важен чекор кон фискална стабилност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG