Линкови за пристапност

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој се наоѓа во официјалана посета на Британија, се сретна со британската премиер Тереза Мај, а во фокусот на разговорите беше Брегзит, имиграцијата и трговијата. Тој претходно ја критикуваше Мај за тоа како се справува со Брегзит и го пофали нејзиниот поранешен министер за надворешни работи како добар кандидат за нејзина замена. Трамп воедно ги обвини имигранти во Лондон за криминалот во градот.

Обајцата лидери дискутирале и за ситуацијата на Блискиот Исток, соопшти Белата куќа. Пред почетокот на разговорите, Трамп изјави дека односите меѓу Велика Британија и САД, остануваат „мошне силни“. Подоцна, на заедничката прес-конференција со Меј, американскиот претседател сепак додаде дека го поддржува тековниот процес на Британија за отцепување од ЕУ, порекна критика спрема Меј и кажа дека има голема почит за неа.

Во Лондон во меѓувреме се организирани протести, а градоначалникот Садик Кан, кажа дека демонстрациите не се анти-американски, туку го одразуваат противењето на политиката на актуелната администрација.

Планирана е и средба на претседателот на САД и првата дама Меланија со кралицата Елизабета.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG