Линкови за пристапност

Втор ден од посетата на Камерон на САД


Во фокусот на разговорите се тероризмот, еболата, руските активности во Украина и кибернетската безбедност

И денеска подолжуваат разговорите на претседателот Барак Обама со британскиот премиер Дејвид Камерон, кој се наоѓа во посета на Вашингтон.

Претставници на Белата куќа соопштија дека обајцата лидери ќе дискутираат по серија прашања, вклучувајќи го тероризмот, еболата, руските активности во Украина и кибернетската безбедност.

Лидерите на САД и Британија се очекува и да ги соопштат своите планови за одржување на заеднички кибернетски „воени игри“, што ќе започнат подоцна годинава со лажни напади врз банки.

Камерон изјави дека планира од Обама да побара да изврши притисок врз технолошките компании како Гугл и Фејсбук да им дозволат на владите увид во шифрираните комуникации.

Британија долго време е најблизок американски сојузник во борбата против тероризмот, како во западните земји, така и на Блискиот Исток.

XS
SM
MD
LG