Линкови за пристапност

Дејвид Камерон во Вашингтон


Во фокусот на разговорите на британскиот премиер со претседателот Барак Обама - ситуацијата во Сирија.

Ова ќе биде прва посета на Дејвид Камерон на САД откако Барак Обама беше избран за втор четиригодишен мандат минатата година. Официјални лица од Белата куќа велат дека лидерите ќе разговараат за претстојната средба на Г-8 во Северна Ирска следниот месец, за трговијата и за напорите против тероризмот.

Посетата на првиот човек на британската влада доаѓа по петочната средба со рускиот претседател Владимир Путин каде главен акцент беше ставен на политичката транзиција и ставање крај на војната во Сирија.

САД и Русија сакаат да организираат меѓународна конференција во Женева за зголемување на притисокот врз Башар ал Асад и бунтовниците кои се борат за смена на режимот, да седнат на преговарачка маса на мировни разговори. Сириската влада не одговори на барањето.

Камерон во САД ќе учествува на разговорите во ОН за новите глобални развојни цели за време на тридневниот престој во земјата.
XS
SM
MD
LG