Врховниот суд на територијата на Британија Гибралтар донесе одлука за ослободување на иранскиот супер-танкер Грејс 1, кусо време откако САД лансираа нов обид, во последен момент, за негово задржување.
Гибралтарската влада кажа дека примила уверување од Техеран дека нема да испраќа сирова нафта во Сирија. Гибралтар, сепак, не кажа кога бродот ќе исплови. Новинската агенција Ројтерс го цитира Иран со изјава дека ќе отплови веднаш по полнењето на гориво.
Главниот министер на Гибралтар Фабијан Пикардо дал изјава која вели: „Му ускративме на режимот на Асад во Сирија повеќе од 140 милиони долари вредна сирова нафта.“
Бродот носел 2,1 милион барели иранска нафта кога гибралтарската полиција и британските специјални сили го заплениле на 4-ти јули. Се верува дека бродот носел нафта за Сирија што е кршење на санкциите поставени од ЕУ и САД.
По запленувањето на Грејс 1, Техеран се одмазди со преземање на контролата врз британски танкер, Стена Имперо, на 19-ти јули во Теснецот Хормуз, што е пат на транспорт за околу петина од светската сирова нафта, заради кршење на „меѓународни поморски правила“. Иран сеуште го држи Стена Имперо.
Facebook Forum