Линкови за пристапност

Комкаст понуди 31 милијарда долари за британската телевизија Скај


„Комкаст“ (Comcast), најголемиот кабелски телевизиски оператор во САД, направи неочекувана понуда за купување на британската телевизиска компанија „Скај“ (Sky), чекор кој се смета за голем предизвик за глобалниот медиумски магнат Руперт Мурдок.

„Комкаст“ објави дека понудил да го купи европскиот медиумски гигант за повеќе од 17 долари по акција, или вкупно преку 31 милијарда долари. Тоа е значително повисока понуда од компанијата на Мурдок, Фокс (21st Century Fox) која понуди 15 долари по акција.

Фокс сака да ги поседува и преостанатите 61 проценти од акциите на „Скај“, но на понудата се спротивставија британските регулатори кои пресудија дека трансакцијата не е во јавен интерес, стравувајќи дека 86-годишниот Мурдок ќе обезбеди монопол врз медиумите во државата.

Мурдок е сопственик на кабловскиот телевизиски канал „Фокс њус“, но и на лондонските весници The sun и The Times.

Извршниот директор на „Комкаст“ , Брајан Робертс изјави дека компанијата веќе има силно присуство во Лондон и планира да го искористи „Скај“ како „платформа за раст во Европа“. „Комкаст“ е сопственик на американската телевизиска мрежа „Ен-Би-Си“ (NBC) и легендарното холивудско студио Universal Pictures.

Цените на акциите на Скај се зголемија за 18 отсто по веста за контра- понудата на „Комкаст.“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG