Линкови за пристапност

Кери во Брисел и Лондон


Целта на оваа прва официјална посета на висок официјален претставник на САД, по Брегзит, е да се истакне важноста другите ЕУ членки да останат во Унијата

Американскиот државен секретар Џон Кери е во посета на Брисел и на Лондон, прва официјална посета на висок официјален претставник на САД, откако Британија минатата недела изгласа да излезе од Европската унија.

Официјални лица на САД велат дека Кери, кој ги додал овие две локации во последен момент во неговата агенда на посета на Рим, ќе ја истакне поддршката на САД за Британија, како и ќе ја нагласи важноста другите ЕУ членки да останат во Унијата.

Тој во неделата рече дека САД жалат за гласањето за Брегзит, но вети оти ќе продолжи блиската релација со Европската унија, која наскоро ќе брои 27 членки.

Неговиот говор во Брисел стана во центарот на дипломатските активности, вклучувајќи ги лидерите на европските сили Германија, Франција и на Италија, кои се собраа да разговараат за следните чекори по излегување на Британија.

Кери потоа заминува за Лондон, да се сретне со британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд, и со други официјални лица, како дел од процесот на одржување врски со најголемиот сојузник на Вашингтон, во новата ера кога Британија е помалку вклучена во Европа.

XS
SM
MD
LG