Линкови за пристапност

САД се спротивставија на резолуција за поддршка на доењето


Во извештај на весникот Њујорк тајмс се наведува дека САД одолговлекувале и им се заканувале на нациите учеснички на Светскиот собир за здравство во Женева, во обид да ја намалат важноста на резолуцијата на за поддршка на доењето.

Според весникот, американската делегација на собранието го прифатила „интересот на производителите на вештачко млеко или формула за новороденчињата“.

За одобрување на резолуцијата биле потребни неочекувани два дена. Американската делегација воедно се заканувала и со казнени трговски мерки и повлекување на воена помош за одредени земји, доколку ја поддржат првичната мерка.

Официјални лица рекоа дека имале проблем да најдат друг спонзор кој не се плашел од таканаречена одмазда од САД. На крајот тоа го сторила Русија.

Консезусот за поддршка на мајчиното млеко наспроти вештачкото, е стар 40 години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG