Линкови за пристапност

Трамп најави можно затворање на границата со Мексико


Ваквата ситуација може да се случи доколку Американската влада не успее да воспостави контрола врз недокументираните мигранти

Претседателот на САД Доналд Трамп најави можно затворање на границата со Мексико, доведувајќи ја во ризик трговската релација вредна 1.68 милијарди долари на дневна основа.

Ваквата ситуација може да се случи доколку Американската влада не успее да воспостави контрола врз недокументираните мигранти, кои сакаат да влезат во САД од Латинска Америка.

Трамп испрати илјадници трупи на преминот со Мексико, кои сега имаат моќ да користат сила доколку тоа е потребно за заштита на границата од потенцијални нелегални преминувања.

Критичарите го оценија овој потег како политички трик пред конгресните избори, нагласувајќи дека не се забележани насилство и инциденти меѓу мигрантите, кои неодамнаа стигнаа до границата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG