Претставничкиот дом во вторникот не успеа да ја надгласа декларацијата на претседателот Доналд Трамп за прогласување вонредна состојба на јужната граница, што отвора пат за Трамп да продолжи со неговите напори од федералните сметки да бара средства за изградба на пограничниот ѕид.
На гласањето, со 248 наспроти 181 глас, недостигаа 38 гласа за да се постигне неопходното двотретинско мнозинство кое е потребно за да се надгласа претседателското вето.
Трамп ја објави декларацијата во февруари, повикувајќи се на како што рече гранична безбедносна и хуманитарна криза, со цел да бидат одвоени 3,6 милијарди долари од други владини проекти и да се пренаменат за изградба на ѕидот по должината на границата со Мексико.
И Претставничкиот дом предводен од демократите и Сенатот со мнозинство на републиканците, го одобрија нацрт законот за отфрлање на неговиот потег, при што многумина поднесоа приговори на тоа што претседателот донесува одлуки за трошење кои треба да ги носи Конгресот.
Facebook Forum