Линкови за пристапност

Белата куќа бара Гватемала, Хондурс и Ел Салвадор да ги стопираат мигрантите или ќе им ја скрати паричната помош


Ќе биде потребна конгресна акција за да се скрати помошта кон овие три држави од Централна Америка

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп побара Мексико и трите држави од Централна Америка Гватемала, Хондурас и Ел Салвадор да го стопираат доаѓањето на илјадници недокументирани мигранти кои патуваат кон САД.

Вршителот на должност шеф на Кабинет во Белата куќа Мик Малвени, во интервју за Еј-Би-Си, рече дека Мексико треба да ја зацврсти јужната граница со Гватемала, за да ги спречи караванти кои се движат сверно преку Мексико до САД, како и трите централно американски држави да ги стопираат граѓаните да ги напуштаат нивните држави.

Тој ја остави отворена можноста претседателот Трамп да ја затвори границата со Мексико во наредните денови, и покрај тоа што кажа дека планира да скрати околу 500 милиони долари американска помош за овие држави.

Тој истакна дека и секретарот за домашна безбедност на поранешниот претседател Барак Обама Џех Џонсон признал оти има криза на јужната граница.

Џонсон, пак, за Фокс њуз во саботата, изјави дека на јужната граница има криза според секоја дефиниција, нагласувајќи дека само во еден ден минатата недела имало околу 4.000 мигранти на границата, или околу 100.000 во текот на цел март.

„Оваа бројка е поголема од се` што јас сум видел за време на моите три години како секретар за домашна безбедност“, изјави Џонсон.

Малвени рече дека ако овие држави не го лимитираат бројот на мигранти кои доаѓаат кон САД ќе има мала причина да се продолжи со испраќање парична помош за нив.

Секретарката за домашна безбедност Кристен Нилсен минатата недела потпиша регионален договор за гранична безбедност со Гватемала, Хондурас и Ел Салвадор, да го лимитираат бројот на мигранти, како и да се забрани протокот на дрога во САД.

Трамп на Твитер пак напиша дека проблемот би бил решен за помалку од еден час, ако не се бесмислените имиграциони закони на демократите.

Сепак, ќе биде потребна конгресна акција за да биде скратена помошта за овие држави.

Сенаторот од Њу Џерси Боб Менендез ја нарече наредата на Трамп неразумна и ги повика и демократите и републиканците да ја одбијат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG