Линкови за пристапност

Судија ги блокира правилата на американската администрација за барателите на азил


Најфреквентниот граничен премин во светот денес е отворен повторно, откако американски федерален судија издаде наредба за блокирање на новите правила на администрацијата на Трамп во однос на барателите на азил кои во САД не влегле преку посебно одредени гранични премини.

Претходно, американските власти за кратко го затворија граничниот премин помеѓу Тихуана, Мексико и Сан Диего, Калифорнија задржувајќи голем број Мексиканци кои сакаа да влезат во САД и создавајќи сообраќаен метеж за Американците кои сакаа да се вратат дома.

Илјадници мигранти кои бараат азил се соочуваат со различна дилема на границата која е обезбедена со бодликава жица а патролите на граничната служба се потпомогнати од американската армија.

„Ќе се борам и ако не можам да влезам во САД, ќе побарам политички азил во Мексико за да работам и да се посветам на работи кои ми се потребни, за да го постигнам најдоброто во животот“ вели Ное Мартинез, мигрант од Хондурас.

Мигрантите беа непријателски примени и од стотици локални жители во Тихуана.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги демонизира мигрантите нарекувајќи ги криминалци, а караванот од Централна Американска го нарече “инвазија”.

Сепак некои од мигрантите се збунети од стравот дека се претставени како насилни и криминалци, велејќи дека тие избегале од Хондурас за да се спасат од насилството и бандите во таа држава.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG