По повеќе од еден месец патување, караванот од Централна Америка составен од повеќе од 150 лица стигна до САД, и многумина од нив се надеваат да добијат азил.
Синоќа на првите неколку мигранти им беше дозволено да влезат во САД и да бидат процесирани нивните барања. Организаторот на караванот Иринео Мујица изјави:
„Среќни сме, славиме. Ова се осум семејства кои не мора повеќе да страдаат, кои имаа можност да стигнат до судот. Се боревме, дури ако само еден е спасен. Животот е вреден, како на секое друго човечко суштество. За нас, ова е семејство, и среќни сме што осуммина имаа можност да го остварат тоа“.
Откако дознаа за нивните права и можности за влез во САД, некои семејства се одлучија да останат во Мексико, наместо да се соочат со ризикот од депортација, за коа тие сметаат дека е еднакво на смртна казна.
Освен што го повика Конгресот да дејствува, претседателот на САД, Доналд Трамп ја критикуваше политиката позната како „приведи и ослободи“ која овозможува мигрантите да бидат ослободени од пролонгиран притвор, додека нивните случаи за азил се разгледуваат.
Facebook Forum