Официјален претставник на Пентагон изјави дека бројот на американски војници на границата со Мексико го стигнал максималниот лимит.
Сепак, претседателот Доналд Трамп вели дека бројот на војници треба да се зголеми.
Повеќе од 5.800 војници во служба и 2.100 трупи на Националната гарда се распоредени на границата да и` помогнат на Американската служба за царинска и гранична безбедност, иако војската легално не смее да ги апси мигрантите што ја поминуваат границата.
Околу 800 мигранти сега се наоѓаат во пограничниот град Тихуана.
Караванот мигранти со повеќе од 4.000 лица, повеќето од Хондурас се очекува да стигне во овој град за неколку дена.
Мексико минатата недела издаде околу 2.700 привремени визи за поединци и семејства, дозволувајќи им да работат додека да заврши процесот на аплицирање за азил.
Facebook Forum