Линкови за пристапност

17 мртви во бродот кој потона во Мисури


Според надлежните, настраданите се на возраст меѓу една и 70 години

Седумнаесет лица, вклучително и деца, загинаа при тонењето на туристичкиот брод во сојузната држава Мисури.

Според надлежните, настраданите се на возраст меѓу една и 70 години.

Од 31 лице во бродот, 14 биле спасени.

Медиумите информираат дека во моментот на несереќата, во езерото имало уште еден брод, кој успеал да стаса до брегот.

Претседателот на САД Доналд Трамп, преку Твитер, изрази длабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите.

Стив Линденберг од Метеоролошката служба на Мисури, изјави дека имало предупредување за силна бура во околината на Бренсон за вчера вечерта, со ветрови од сто километри на час.

Шерифот на округот Стоун Даг Рејдер рече дека првиот повик за итна помош се случил девет минути после седум часот, локално време, велејќи дека верува оти бродот потонал 12 метри под вода.

Претседателот на компанијата која го поседува бродот, во интервју за телевизијата Си-Би-Ес, изјави дека бродот воопшто не требал да биде во вода, нагласувајќи дека елеците за спасување биле во бродот иако, според законот, патниците не се задолжени да ги носат.

Во чест на жртвите, гувернерот на Мисури Мајк Персон нареди знамињата да бидат спуштени на половина копје до зајдисонце на 27-ми јули.

Истрагата за утврдување на причините за несреќата е во тек.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG