Линкови за пристапност

САД воведоа санкции за бугарски судија вмешан во корупција

САД воведоа санкции за Андон Миталов, судија од Бугарија за кој Стејт департментот соопшти дека е вмешан во „значајна“ корупција во оваа балканска држава.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, рече дека бугарскиот судија од Кривичниот суд, Андон Миталов, е ставен на црната листа поради неговата вмешаност во „коруптивни активности кои што го поткопуваат владеењето на правото и сериозно ја нарушуваат независноста на демократските институции во Бугарија“.

Во изјавата се додава дека за сопругата на Миталов, Корнелија Стојкова-Миталова, и за неговата ќерка, Гергана Миталова, се воведени посебни мерки за забранет влез во САД.

"Ова е прва ваква мерка во Бугарија и ја потврдува посветеноста на САД во борбата против корупцијата во Бугарија и глобално. САД продолжува да биде со луѓето во Бугарија во нивната борба против корупцијата“, наведува Помпео во соопштението.

Потегот на Помпео следува откако бугарскиот претседател Румен Радев рече дека и официјално нема доверба во бугарската влада, под водство на премиерот Бојко Борисов, која не успеала да се справи со корупцијата.

This item is part of

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG