Линкови за пристапност

САД означија неколку групи како терористички


Одлуката на Стејт департментот блокира секакви финансиски трансакции со групите кои се поврзани со Исламската држава

Во обид да ја прекинат можната финансиската поддршка што ја добиваат од лица и групи од САД, Стејт департментот означи двајца водачи и седум групи поврзани со Исламската држава, како терористички.

На црната листа се најдоа ИСИС-Западна Африка, ИСИС-Филипини и ИСИС-Бангладеш, заедно со уште четири други групи поврзани со Исламската држава, ИСИС-Сомалија, Џунд ал-Хилафа-Тунис, ИСИС-Египет и Групата Мауте. Стејт департментот соопшти дека санкционирале и двајца лидери на ИСИС, Махад Моалим и Абу Мусаб ал-Барнави.

Нејтан Селс, координатор за контратероризам при Стејт департментот, во соопштението истакна дека назначувањето „за цел ги има групите и лидерите кои се поврзани со пропаднатиот калифат во Ирак и Сирија. Денешните акции се критичен чекор во деградирањето на глобалната мрежа на Исламската држава и прекин на пристапот до ресурси кои им се потребни за планирање и спроведување на терористички напади“.

Законот според кој беа изречени санкциите ги блокира групите да спроведуваат какви било деловни трансакции поврзани со САД, и им забранува на Американците да имаат деловни врски со нив.

Во соопштението се додава дека терористичките назнака е дел од американскиот план за пораз на Исламската држава.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG