Во САД продолжува да се намалува бројот на новороденчиња чии мајки се млади и жени на тинејџерска возраст. Новите владини податоци покажуваат дека во 2015-та година, рекордно мал број на оваа група на жени имале бебе на 20-годишна возраст. Според прелиминарните податоци од Центрите за контрола и превенција на болести, стапката на раѓање кај мајките на возраст од 15 до 19 години минатата година се намалила за 8 проценти, а од 1991-та, наваму, опаднала за 64 проценти.
Генерално, во САД во 2015-та година биле родени речиси 4 милиони бебиња, нешто помалку од претходната година.
Податоците покажуваат дека продолжува трендот жените да имаат новороденчиња подоцна во нивниот живот.