Линкови за пристапност

Се` помалку деца се раѓаат во САД


Според најнов федерален извештај, стапката на наталитет во САД минатата година паднала на најниско ниво во период од повеќе од три децении.

Податоците од Центрите за контрола на болести и превенција покажуваат дека во 2018-та година биле родени 3.79 милиони бебиња, пад од два проценти во споредба со претходната година. Ова е најниска стапка на наталитет по 1986-та година и е опаѓање четврта година по ред.

Стапката на фертилитет опаднала за два проценти, на 1.7 раѓања по жена, што е рекордно ниско ниво. Ова укажува дека генерацијата на жени на возраст од 15 до 44 години не раѓа доволно бебиња дури ни да ја замени својата генерација.

Наталитетот кај тинејџерите опаднал за осум проценти. Сепак, стапката на наталитет кај жените во доцните 30-ти и раните 40-ти години биле малку повисоки, единствените групи кај кои е забележано зголемување.

Минатогодишниот пад на наталитетот беше десетти во последниве 11 години, кој достигна врв во 2007-та година непосредно пред економската рецесија.

Падот на наталитетот е невообичаен во услови на силна економија и останува нејасно дали жените во САД го одложуваат мајчинството или целосно го прескокнуваат.

Многу истражувачи предвидуваат дека ако трендовите продолжат и во наредните години во САД ќе се појави недостаток на работна сила.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG