Линкови за пристапност

Стејт департментот на црната листа го стави синот на Осама бин Ладен


Хамза бин Ладен, кој има околу 20 години, се верува дека се активирал во Ал Каида по убиството на неговиот татко во тајна операција на американските трупи во 2011-та година.

Стејт департментот на терористичката црна листа го стави Хамза бин Ладен, синот на основачот на Ал Каида, Осама бин Ладен.

Хамза бин Ладен, кој има околку 20-ти години, се верува дека се активирал во Ал Каида по убиството на неговиот татко во тајна операција на американските трупи во 2011-та година.

Ваквиот чекор на Стејт департментот значи дека на американските државјани им се забранува ангажирање во каква било деловна соработка со лицата на терористичката листа.

За Хамза бин Ладен се знае дека официјално се приклучил на Ал Каида во 2015-та година, а изминативе две години јавно поттикнувал идни терористички напади врз САД. Тој воедно се заканил дека ќе се одмазди за смртта на неговиот татко.

Стејт департментот соопшти и дека на терористичката црна листа е додаден и Ибрахим Ал Бана, по потекло од Египет и висок член на Ал Каида на Арапскиот Полуостров.

XS
SM
MD
LG