Линкови за пристапност

Бајден денес ќе го потпише законот за инфраструктура по месеци преговори во Конгресот


Легислативата предвидува инвестиции во патишта и мостови, во поправка на железници и проширување на јавниот транспорт

Претседателот Џо Бајден денес на церемонија во Белата куќа ќе го потпише двопартискиот закон за инфраструктура од еден трилион долари, кој помина во Конгресот по месеци преговори.

Легислативата предвидува големи инвестиции низ државата во патишта и мостови, во поправка на железници и проширување на јавниот транспорт.

Белата куќа рече дека на настанот на потпишување ќе присуствуваат гувернери и градоначалници од Демократската и Републиканската партија, како и лидери на работничките синдикати и бизниси.

Новиот закон предвидува милијарди долари за адресирање на подобрување на пристапот до интернетот, конкретно за домаќинствата со ниски примања и во руралните заедници.

Предвидени се и пари за програми за продобрување на електиричната мрежа и водоводот во државата.

Се очекува да се подобрат условите на аеродромите, да се изградат станици за полнење на електрични возила, како и да се набават нови електрични школски автобуси.

Бајден утре се очекува да оди во Њу Хемпшир на еден од мостовите кои треба да се поправат согласно новиот план.

В среда, пак, има закажано посета на фабрика за електрични возила во Мичиген.

Дел од информациите во текстот се искористени од Асошиетед прес и Ројтерс

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG