Линкови за пристапност

Бајден ќе најави мерки против насилството со оружје


Белата куќа соопшти дека насилството со оружје претставува јавна здравствена епидемија

Претседателот на САД Џо Бајден и главениот правобранител Мерик Гарленд денес ќе зборуваат за нови мерки чија цел е адресирање на насилството со оружје во САД.

Пред нивниот говор, Белата куќа објави детали за некои од иницијативите, нарекувајќи го насилството со оружје јавна здравствена епидемија.

Одделот за правда планира да објави модел за закони за контрола на оружејто, кои им овозможуваат на членови на семејства и полицијата да побараат од судот да ограничи лице, кое претставува закана за нив или за некој друг, да има пристап до оружје.

Овој модел би им дозволил на сојузните држави да почнат да применуваат нивни закони.

Воведувањето на новите мерки да се спречи насилството со оружје доаѓа по неодамнешните масовни убиства во САД, вклучувајќи го убиството на десет луѓе во продавница во Колорадо, и осум луѓе во околината на Атланта.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG