Државниот секретар Мајк Помпео рече дека САД се длабоко загрижени за обидите на Владата на Белорусија присилно да ја протера од држвата опозициската активистка Марија Колесникова.
Тој рече дека САД и други држави размислуваат за воведување санкции во одговор на неодамнешните настани во Белорусија.
„Ја поздравуваме храброста на Колесникова и на белорускиот народ за мирно изразување на нивното право да изберат лидер на слободни и фер избори, соочувајќи се со неоправдани насилство и репресија од страна на белоруските власти“, рече Помпео.
Тој нагласи дека потенцијалните санкции би биле насочени кон барање одговорност од оние што се вклучени во злоупотреба на човековите права и репресија во Белорусија.
Facebook Forum