Линкови за пристапност

Јавното мислење во САД се врти кон поддршка на воена акција спрема ИСИЛ


Пред обезглавувањето на Сотлоф анкетите покажуваа поделеност во однос на интервенција во Ирак

Претседателот Барак Обама кажа дека „ужасното” обезглавување на американскиот новинар Стивен Сотлоф ќе ја обедини државата и ќе ја зацврсти решеноста за справување со терористите.

Обама ова го кажа во Естонија, откако надлежните во САД ја проверија веродостојноста на видеото, што го покажува обезглавувањето на Стивен Сотлоф.

Смртта на Сотлоф и претходното обезглавување на американскиот новинар Џејмс Фоли разгневија многу Американци и тоа за возврат може да поттикне јавна подршка на воздушните напади против групата на Исламската држава, позната како ИСИС или ИСИЛ.

Заканата на милитантите на Исламската држава го зголеми интересот во Конгресот и некои законодавци бараат зголемени воздушни напади.

Сенаторот Тед Круз од Тексас, кандидат на Републиканската партија за претседателска трка во 2016, рече на конференција на конзервативците во Далас.

„ИСИС вели дека ја отфрла современоста и сакаат да се вратат назад. Мислам дека треба да им помогнеме. Треба да ги бомбардираме и вратиме назад во камено доба“.

Други законодавци се повнимателни во изјавите. администрацијата на Обама да направи детална стратегија за справување со ИСИС.

Конгресменот Адам Смит, Демократ од државата Вашингтон, ова го кажа на емисијата Соочување со нацијата, на телевизијата ЦБС:

„Треба време да се направи коалиција. Не можеме прво да бомбардираме, а потоа да поставуваме прашања. Треба да ги имаме вистинските цели и вистинската подршка, со цел да бидеме ефективни во спречувањето на ИСИС.”

Неодманешната анкета на Ројтерс/Ипсос направена пред убиството на Сотлоф, покажува поделба кај Американците по прашањето дали да се интервенира во Ирак.

ДЕваесет и девет проценти се изјасниле дека САД не треба да интервенираат, 21 процент сметале дека САД треба да одат со воздушни напади како подршка на владата на Ирак, додека 22 проценти рекле дека не знаат.

Карлин Бауман го следи јавното мислење во САД за Институтот Ентерпрес со седиште во Вашингтон. Таа вели дека многу Американци најверојатно ја гледаат исламската држава како закана на која треба да се реагира воено.

„Во текот на целото лето видовме колебање за поголема вмешаност во ситуацијата на Блискиот Исток. Сега се гледа вистинска лутина и тоа сигурно ќе се одрази во испитувањата на јавно мислење.“

Но таа јавна подршка нема да се прошири на употреба на копнени сили од САД, вели стручњакот од Охајо, Џон Милер, којмногу пишува за проблематиката на (не)подготвеноста на американската јавност за копнени акции, по конфликтите во Авганистан и Ирак.

Јавноста ќе има изобилство на можности да се изјасни наредните недели. Конгресот се враќа во Вашингтон и одговорот на САД по заканите на Исламската држава ќе бидат во фокусот на дебатата.

Некои законодавци веќе инсистираат претседателот да добие одобрение од Конгресот пред да преземе поширока воена кампања против екстремистичката група.

XS
SM
MD
LG