САД одговараат на руската пропаганда преку нови медиумски напори чија цел е спротивставување на „дисторзиите на Кремљ“ со објективни вести и информации, изјави Џон Ленсинг, директор во Емитувачкиот одбор на управници (Broadcasting Board of Governers), американска владина агенција, која раководи со Гласот на Америка и други емитувачки субјекти.
Тој истакна дека видел, „глобална експлозија на пропаганда и лаги“ и дека владината агенција на чие чело е, активно се спротивставува на таа дезинформација, со факти, наспроти, како што вели, фикција.
Ленсинг во детали ги образложи напорите на Емитувачкиот одбор и тоа преку пренесување на инфомациите до луѓето од руско говорно подрачје ширум светот.
„Руската стратегија се залага да ја уништи идејата за објективни факти коишто можат да се верификуваат. Емитувачкиот одбор на управници се адаптира за директно да го пресретне овој предизвик, нудејќи и` на публиката алтернатива на руската дезинформација, во форма на објективни, независни и професионални вести и информации“.
Напорите на руската пропаганда се на мета на неколку истраги за обидот на Русија да влијае врз претседателските избори во САД во 2016-та и изборите во Европа.
Кори Гарднер, републикански сенатор од сојузната држава Колорадо, подвлече дека САД треба да сторат повеќе, за да се спротивстават на „руското агресивно мешање во изборите на Западот“. „Не смееме да дозволиме руските активности да минат неказнето, мора да ги идентификуваме и да им се спротивставиме, користејќи секоје можно средство на располагање“, истакна Гарднер. „Русија има за цел да сее страв, раздор и парализа, што ги подрива демократските институции и ги ослабува клучните западни алијанси како НАТО и ЕУ.
Неодамна, Емитувачкиот одбор на управници (BBG), претстави нов проект - „Полиграф“ (Polygraph) – https://www.polygraph.info. Ленсинг кажа дека преку оваа интернет-страница може да се изврши проверка на фактите поврзани со „дисторзиите на Кремљ“.
Проектот вклучува тим новинари кој „анализира цитати, написи и извештаи, дистрибуирани преку владини претставници, медиуми спонзорирани од владата, и други високорангирани поединци.
Една од работите што Емитувачкиот одбор не ја прави, е „пропаганда“, подвелече Ленсинг.
„Нашите содржини се заштитени од легислативна комјутерска мрежа за спречување на неовластен пристап. Преку неа, американската влада се спречува да меша во уредувачката политика“, додаде директорот на Емитувачкиот одбор на управници, за време на денешниот распит во Конгресот на тема, „Злото на руската дезинформација“.
Моли Мекју, директорка на консултантската компанија „Фиана стратеџис“ (Fianna Strategies), учесничка во дискусијата, ја истакна важноста од потребата за препознавање на заканата, на задачите и на целта на она што Русија го прави, особено спрема САД. Таа додаде дека според анкетите и други испитувања на јавното мислење што ги спровела нејзината компанија, многумина од Американците не веруваат во она што се случува, дека ова постои и дека ќе има некакво влијание врз нив.
Facebook Forum