Комисијата за правосудство на Претставничкиот дом ќе го одржи сослушувањето за извештајот на специјалниот советник Роберт Мулер за мешањето на Русија во изборите, но доколку не се случи промена во последен момент, главниот правобранител Вилијам Бар нема да се појави.
Од Одделот за правда вчера соопштија дека планот на претседателот на Комисијата за правосудство, конгресменот Џеролд Надлер, главниот правобранител Бар да биде испрашуван од вработените е „несоодветен“, додавајќи дека главниот правобранител е подготвен да одговор само на директни прашања од конгресмените.
„Се надевам и очекувам дека главниот правобранител ќе размисли преку ноќта и ќе дојде", одговори Надлер.
Бар вчера неколку часа сведочеше пред Сенатската комисија во врска со заклучокот дека немало опструкција на правдата од страна на претседателот на САД Доналд Трамп и за неговиот надзор за завршување на извештајот на Мулер.
Надлер планирал во Комисијата за правосудство на Претставничкиот дом да се разгледуваат истите теми, давајќи им на 41 член по пет минути за да му постават прашања до Бар, а потоа уште 30 минути за демократските и републиканските правници во комисијата да постават дополнителни прашања.
Бар се согласи да биде испрашан од конгресмените но ја отфрли можноста да биде испрашуван од правниците.
Надлер изјави дека комисијата ќе преземе дополнителни акции, ако Бар не се појави на сослушувањето.
Facebook Forum