Линкови за пристапност

Речиси 17 милијарди долари казна за Банката на Америка


За лошите станбени кредити што ги продавала на инвеститори и со што влијаела на појавата на глобалната рецесија

Една од најголемите банки во САД, Банката на Америка, треба да плати рекордна парична казна од речиси 17 милијарди долари поради лошите станбени кредити што ги продала на инвеститори и со што влијаеше на појавата на глобалната рецесија.

Ова е највисок износ досега во судски договор меѓу американската влада и една приватна корпорација. Објавувајќи ја веста, главниот правобранител Ерик Холдер кажа дека Банката на Америка била вклучена во моќни шеми за мамење на инвеститорите да купат лоши кредити.

"Овие кредити беа со лажна гаранција. Тие беа обезбедени со имот чија вредност беше преценета", рече Холдер.

Казната на Банката на Америка уследи по вкупната казна од 20 милијарди долари за други две големи банки, Морган Чејс и Ситигруп, поради нивната улога во продавањето на неквалитетни домашни кредити на инвеститори пред рецесијата во 2008-ма и 2009-та.

XS
SM
MD
LG