Линкови за пристапност

Трамп домаќин на балтичките лидери во Белата куќа


Самитот се случува во време кога растат тензиите на Западот со Русија

Претседателот на САД Доналд Трамп и лидерите на балтичките држави ќе разговараат како да го зајакнат безбедносното, економското, трговското, енергетското и културното партнерство.

Од Белата куќа соопштија дека Трамп и лидерите на Естонија, Латвија и Литванија, ќе го истакнат и неодамнешниот успех на овие држави во исполнување на барањето за нивото на трошоци за одбрана, предвидени според НАТО.

Трамп во неколку наврати ги критикуваше земјите-членки на Алијансата, поради тоа што не ги исполнуваат референтните трошоци за одбрана во висина од два проценти.

Откако Русија во 2014-та година го анексираше Крим, загриженоста во овие три земји порасна, поради можноста и тие да имаат слична судбина.

Оттогаш балтичките држави ветија дека ќе ги зголемат трошоците за одбраната, сметајќи на воена помош од сојузниците на НАТО, ако Русија преземе каква било акција.

Латвискиот претседател Рајмондс Вејонис минатата недела за локална телевизија изјави дека очекува Вашингтон јавно да се заложи за безбедноста на регионот:

„Се планира усвојување на декларација од која очекуваме силна политичка порака од САД за зајакнување на балтичката безбедност и повторна поддршка за независноста на балтичките држави“, рече тој.

Самитот доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Русија и Западот.

Минатата недела САД и преку 20-тина земји, вклучувајќи ги и трите балтички држави, протераа повеќе од 150 руски дипломати, во знак на солидарност по нападот со нервен агенс врз поранешниот руски шпион во Британија. Русија одговори со протерување на повеќе од 150 странски дипломати, вклучително и 60 од САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG