Линкови за пристапност

САД ги следат потезите на Русија на Балканот


Помошникот државен секретар на САД Вес Мичел на распит во сенатската поткомисија за Европа и регионална безбедносна соработка

Помошникот-државен секретар на САД Вес Мичел, на распит во Сенатот, кажа дека е загрижен за моменталните протести во Македонија и во Грција и особено потенцијалното мешање на Русија по решавањето на деценискиот спор во врска со името меѓу двете држави:

„Загрижен сум заради протестите и евентуалното руско мешање. Тоа го видовме во Црна Гора, кога руски претставници даваа заканувачки изјави, и мислам дека и во Македонија има шанси Русите да се обидат да се вмешаат“, истакна Мичел.

„Работиме на зајакнување на македонските институции, имаме одлична безбедносна соработка. Покрај тоа, познати ни` се руските методи. Очекуваме формалните постапки во Грција и во Македонија да завршат и НАТО да упати покана за членство на Северна Македонија на Самитот во јули. Се надеваме дека Европската Унија ќе ги отвори преговорите за членство, иако тоа е помалку веројатно отколку со НАТО. Во секојдневен контакт сме со македонските безбедносни претставници, внимателно ги следиме потезите на Русија и не е до Москва да ја реши иднината на Македонија. Тоа што го направија Грција и Македонија има потенцијал да биде на историско ниво и нешто како Дејтон за Балканот“, подвлече американскиот помошник-државен секретар, Вес Мичел на денешниот распит во Конгресот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG