Линкови за пристапност

Администрацијата на САД завршува со студијата за царини на европски автомобили


Претседателот на САД бара подеднакви услови за трговија со Европската унија

Претседателот на САД, Доналд Трамп на Твитер напиша дека владата завршува со студијата за царини на автомобилите увезени во САД. Претходно американските производители предупредија дека воведувањето на нови царини на увезените автомобили значително ќе ги покачи цените.

Трамп во пораката вели дека европските aвтопроизводители „долго време ги искористуваат предностите во САД“ заради постоењето на трговски бариери и царини. Тој вети дека „на крај условите за трговија ќе се израмнат - и за тоа нема да треба долго време“.

Во меѓувреме, Сојузот на автомобилски производители на САД, кој ги претставува големите компании како Фолксваген, Џенерал моторс и Тојота, предупреди дека воведувањето царини од 20 проценти ќе ги зголеми цените и американските потрошувачи ќе треба да платат повеќе кога купуваат увезени автомобили.

Европската унија вети дека ќе одговори на можните американски царини на автомобили од Европа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG