Линкови за пристапност

Штрајкуваат 50.000 работници во Џенерал Моторс


Членови на синдикатот на Унијата на обединети работници во автомобилската индустрија стапија во штрајк во Џенерал моторс бидејќи двете страни остануваат раздвоени според условите на новиот договор.

Разговорите се очекува да продолжат денеска, но погоните каде што се произведуваат автомобили и делови во девет држави ќе бидат затворени, при што речиси 50.000 работници ќе останат надвор од работните места.

Потпретседателот на Унијата, Тери Дитес рече дека одлуката да се штрајкува е последна мерка, но неопходна во моментов. Синдикатот бара подобри плати и здравствена заштита, како и безбедност на работното место и поделба на профитот.

Од Џенерал Моторс соопштија дека понудиле зголемување на платите, поделба на профитот и подобри здравствени бенефиции, заедно со милијарди долари инвестиции во производствени капацитети што би донело повеќе работни места.

Последниот штрајк на работничкиот синдикат во Џенерал Моторс беше во 2007 година.

Договорите на Унијата со Форд и Фиат Крајслер беа пред истекување, но продолжени се на неодредено време. Секој договор постигнат со Џенерал Моторс ќе послужи како пример во преговорите со другите компании.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG