Линкови за пристапност

Протести по отпуштањето на Џеф Сешнс


Протестите се најавени за денеска, а организаторите бараат од наследникот на Сешн, Метју Витакер, да се изземе себеси од надгледувањето на истрагата на специјалниот советник Роберт Милер

Организаторите повикуваат на протести низ САД во четврток како реакција на потегот на претседателот Доналд Трамп да го отпушти генералниот обвинител Џеф Сешнс и да го замени со некој кој јавно ја критикуваше истрагата за руското мешање во изборите и можни опструкции на правдата од страна на претседателот.

Протестите се планираат во 50 американски држави, како и во американските тетории Порторико и Девствените острови. Организаторите бараат од луѓето да потпишат петиција на интернет за да го сигнализираат своето присуство, но не е јасно колку луѓе ќе учествуваат.

Протестите во Вашингтон ќе се одржат пред Белата куќа.

Сешн во вторникот ја соопшти оставката на барање на Трамп и одлуката на претседателот Метју Витакер да биде нов генерален обвинител.

Организаторите бараат од Витакер да се изземе себеси од надгледувањето на истрагата на специјалниот советник Роберт Милер, повикувајќи се на неговите критички изјави во минатото за кои сметаат дека покажуваат јасен конфликт на интереси. Тие, исто така, бараат Конгресот да преземе чекори за заштита на канцеларијата на специјалниот совет.

Витакер порано имаше изјавено дека истрагата на Милер треба да биде ограничена и дека ако Сешнс биде отпуштен тогаш новиот јавен обвинител би можел да го намали финансирањето на Милер до тој степен што истрагата ќе запре.

Тој исто така има изјавено дека нема реални докази за наводите дека Трамп ја опструира правдата, а во статија за весникот „Хил“ рече дека Трамп донел вистинска одлука кога го отпуштил директорот на ФБИ Џејмс Коми во 2017 година.

Коми во тоа време ја водеше истрагата на ФБИ за руското мешање во изборите, а неговото отпуштање доведе до претпоставка дека Трамп го сторил тоа со цел да ја спречи истрагата. По отпуштањето на Коми, Милер беше назначен да ја преземе истрагата.

Трамп постојано ја критикуваше истрагата на Милер, нарекувајќи ја „лов на вештерки“ и негираше дека ја попречува правдата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG