Линкови за пристапност

Воведена забрана за азил во САД за оние кои доаѓаат преку друга земја


Со новото правило им се забранува на луѓето да аплицираат за азил во САД, ако патуваат преку друга земја каде што е достапен азил пред да пристигнат во САД

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се очекува денеска да започне да спроведува нова забрана, блокирајќи ги повеќето баратели на азил на јужната граница на Америка.

Акцијата на администрацијата во голема мера ќе влијае на Централно Американците кои доаѓаат преку Мексико.

Новата забрана објавена од страна на американските оддели за правда и домашна безбедност, им забранува на луѓето да аплицираат за азил во САД, ако патуваат преку друга земја каде што е достапен азил пред да пристигнат во САД.

Мексико ги отфрли новите ограничувања за азил што ги бара администрацијата на Трамп.

„Нашата земја јасно стави до знаење дека нема да влеземе во преговори без конкретно одобрување од Конгресот“, рече мексиканскиот министер за надворешни работи, Марчело Ебрард.

Ебрард изјави дека Мексико нема да стане депонија за барателите на азил отфрлени од САД, додавајќи дека неговата земја во исто време ќе ја почитува својата обврска да не ги враќа бегалците во опасната зона.

Главниот правобранител Вилијам Бар укажа на „драматично зголемување на бројот на странци“ кои пристигнуваат на границата меѓу САД и Мексико, додавајќи дека „само мал дел од овие лица“ се квалификуваат за азил.

Се очекува новата забрана брзо да отвори правни предизвици.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG