Секретарот за одбрана Џејмс Матис за време на посетата на Токио, кажа дека за време на транзицијата во Вашингтон, САД стојат сто проценти со Јапонија и јапонскиот народ.
Јапонскиот премиер Шинзо Абе по средбата со Матис, истакна дека фактот што секретарот за одбрана ја одбрал Источна Азија и Јапонија за дестинација во рамки на првото патување во странство, покажува колку американската влада става акцент на американско-јапонските односи.
САД имаат 28.500 војници постојано се распоредени во Јужна Кореја и околу 47.000 во Јапонија.