Линкови за пристапност

Вашингтон и Токио веруваат во демократија, човекови права и владеење на право, рече Блинкен


Државниот секретар на САД и секретарот за одбрана, денес, се среќаваат со колегите во Токио, за да ја повторат заложбата за стабилност во пацифичкиот регион

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин разговараат со јапонските колеги во Токио, за да го реафирмираат Транспацифичкото партнерство, во време на зголемена сила на Кина и непријателство од страна на Северна Кореја.

Средбата, позната како „два-плус-два“ го означи првото диплматско патување во странство на Блинкен и Остин, како претставници на новата администрација на претседателот Џо Бајден.

Во изјавите пред одвоените состаноци, Блинкен рече дека Вашингтон и Токио веруваат во „демократија, човекови права и владеење на право“, но рече дека тие вредности се под закана во регионот, независно дали е во Бурма или Кина, користејќи го алтернативното име на Мјанмар укажувајќи на државниот пуч.

Тие изјавија дека се против кинескиот обид да ја промени состојбата на статус ково во Источното и Јужното Кинеско Море, каде значително е зголемено военото присуство.

Блинкен и Остин, во заедничка колумна објавена во „Вашингтон пост“, сигнализираа дека Кина е држава која „сака да го доведе во предвизик меѓународниот поредок“ во регионот.

Тие изјавија дека САД ќе работат со нивните сојузници во регионот да ја држат Кина одговорна кога има злоупотреба на човековите права во Шјинџјанг и Тибет, систематско еродирање на автономијата на Хонгконг, како и потеценување на демократијата во Тајван.

Блинкен и Остин утре ќе отпатуваат за Сеул.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG